Пораз за пионерите во дербито со екипата на Пелистер. Екипата од Битола славеше на денешниот натпревар од 9.коло во пионерската Супер лига, со резултат 1:3 (1:3).
Сите голови на натпреварот паднаа во првото полувреме, а Пелистер стигна до заслужена победа со оглед дека покажа повеќе на теренот. Тренерот Герасимовски сезонава има проблеми со скрпување на составот, па така денес беше без Спасовски, Јанковски и Величковски.
Екипата на Пелистер ги искористи своите шанси и по 38 минути игра имаше водство од 0:3. Првиот удар на натпреварот го имаа црвено-црните кога Миовски биеше крај голот, додека се закани и гостинскиот тим но одбрани Краљевски. За само две минути, Пелистер постигна брзи два гола и веќе беше во солидна предност. Првиот гол падна после центар шут од прекин, на нафрлената топка еден од гостинските играчи успеа со глава да го совлада Краљевски, а вториот беше ремек дело со удар од некаде 25.метри. Во 38.минута резултатот гласеше и 0:3, додека во 41.минута, Вардар преку Матеј Гаштаров го намали резултатот на 3:1. На голот претходеше изведен удар од прекин на Николовски, топката удри во живиот зид и се одби до Гаштаров, кој биеше од прва во голот.
Видовме мирно второ полувреме, во кое гостите од Битола имаа уште една сериозна шанса, кога ја погодија пречката од нашиот гол. Тренерот на Вардар, Марјан Герасимовски, се обиде со неколку измени да го смени текот на играта, но сепак немаше нова промена на резултатот, па конечниот резултат гласеше 1:3.
Вардар: Максим Краљевски, Алтин Нурединовски, Лука Митрески, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Михаил Танчев, Матеј Гаштаров, Дамјан Алексовски, Максим Цониќ и Александар Миовски.
Играа уште и Давор Лефковски, Хабиб Бектеши, Давид Цековски, Дарис Грбовиќ и Матеј Ѓорѓиевски.