Викендов во Битола, во кугланата при СЦ „Боро Чурлевски“ се одржа Државно првенство за сениори, во кугларски парови 2022. Вардарци на истото имаа голем успех. Браќата Димитровски, Дарко и Димитар го освоиjа ова првенство со вкупно 1156 „соборени дрва“ оставајќи ги зад себе момците од Макпетрол, Мемеди и Ајдин. Честитки за вардарци за овој успех.
Покрај тоа ние го имавме и „бронзениот“ пар, односно третото место исто така го зема пар од Вардар. Манев и Пеце Димовски дојдоа до позицијата број три на ова национално првенство.