Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шест гола во мрежата на Победа, помладите пионери со убедлива победа на гостувањето во Прилеп
Шест гола во мрежата на Победа, помладите пионери со убедлива победа на гостувањето во Прилеп

Шест гола во мрежата на Победа, помладите пионери со убедлива победа на гостувањето во Прилеп

Шест гола во мрежата на Победа, помладите пионери со убедлива победа на гостувањето во Прилеп. Нашите помлади пионери полесно од очекувањата успеаа да слават на натпреварот од вонредното 10.коло со екипата на Победа, кој утрово се одигра во Прилеп. Избраниците на Трајче Стојковски триумфираа со резултат 0:6 (0:2).

Вардарци успеаа уште во 7.минута од натпреварот да го отворат резултатот со голот на Петар Давитов. На голот претходеше одличен продор од Шаботиќ кој даде завршен пас до Давитов кој успеа да ја затресе мрежата за предност од 0:1. После неколку обиди нови кон голот на домашниот тим, успеавме во 41 минута да зголемиме на 0:2 со голот на Емир Шаботиќ кој успеа со прекрасен лоб удар да го матира голманот на прилепчани, откако преходно Радески беше играчот кој му асистираше. На полувреме се замина со овој резултат.

Вардар имаше контрола на играта и во вториот дел, период во кој комплетно го надигра противничкиот тим. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Бобан Бакрачески во 70 минута, акцијата почна од Радески кој даде топка до Бакрачески, овој не се откажа од намерата да го совлада голманот, откако успеа да ја му ја одземе топката и да постигне гол за 0:3. И покрај високата предност, не застанавме со нападите, па голманот на Победа во 81.минута и по четврти пат беше принуден да ја вади топката од мрежата. Повторно започнавме акција од нашата половина, стигнавме до шеснасесетникот на Победа, Радески беше играчот кој повторно асистираше, овој пат до Петар Котевски кој од прва упати удар кој заврши во мрежата за водство од 0:4.

Во последните десет минути од натпреварот уште два пати ја затресовме мрежата на домашната екипа. Со својот втор гол, Петар Давитов во 84 минута го зголеми резултатот на 0:5, откако Радески и Бакрачески добро искомбинираа, Бакрачески беше играчот кој упати центар шут, топката стигна до Давитов кој со добар прием успеа да шутира и да постигне гол. Во 86 минута последниот гол беше дело на Иван Блажевски, кој погоди после „кикс“ на голманот, тоа го искористи Блажевски кој го лобуваше голманот од некаде 25.метри, за конечен резултат од 0:6 на овој нерамноправен натпревар во помладата пионерска Супер лига.

Вардар: Лука Јаневски, Алексеј Ивановски, Филип Смиљков (К), Марко Крстевски, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Михаил Јорданоски, Ненад Стојанчевски, Емир Шаботиќ и Златко Радески.

Играа уште и Иван Блажевски, Стефан Јаневски и Бобан Бакрачески.