Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се врати од два негатива на 2-2 во Битола, Комити со поддршка од трибините
Вардар се врати од два негатива  на 2-2 во Битола, Комити со поддршка од трибините

Вардар се врати од два негатива на 2-2 во Битола, Комити со поддршка од трибините

На стадионот во Битола, денес Пелистер  и ФК Вардар одиграа  2:2 (2:0) во дербито на 14.коло во втората лига.  На најголемото фудбалско дерби во земјава кое за зал се игра во 2.лига, Пелистер имаше 2:0 по 45.минути фудбал, но Вардар успеа да се врати во вториот дел.

Одличен меч се одигра во Битола, зачинет со присуството на  навивачки групи “Чкембари“ и “Комити“ на стадинот “Петар Милошевски“ во Битола.

Во првиот дел Вардар ја имаше иницијативата, имаше и две шанси, но сепак на пауза се замина со водство на Пелистер од 2:0. Грнчаров ги мотивирал црвено-црните за време на паузата, па во вториот дел влегоа подготвени за позитивен исход. За само пет минути Вардар дојде до 2:2. Прво Маркоски одлично му асистираше на Христов за 2:1 во 63.минута, асистенот на првиот гол  Маркоски успеа  ја затресе домашната мрежа за  резултатска симетрија, 2:2.  Напаѓаа нашите момци, Мицевски во самиот финиш ја погоди стативата на Пелистер,  сепак остана реми.