Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Минимален пораз за кадетките на ЖРК Вардар во деби дуелот оваа есен
Минимален пораз за кадетките на ЖРК Вардар во деби дуелот оваа есен

Минимален пораз за кадетките на ЖРК Вардар во деби дуелот оваа есен

Кадетките на ЖРК Вардар  настапуваат во групата-А,денес во првиот меч на нас оваа есен  бевме  домаќин на Ѓорче Петров. На дуелот во салата „Круме Кепески“ до победа дојде ривалот со минимални 25-26 (14-13).

Гостинот поведе на старот со 0-3, вративме со серија 4-1 и дојдовме до резултатска симетрија (4-4). Бевме во налет и успеавме да се одлепиме на три гола предност, црвено-црните кадетки поведоа со 9-6. Со игра гол за гол ја одржувавме таа предност се до 12-9, во последните минути ривалот успеа да дојде на минимална негатива и на одмор заминавме со наше водство од 14-13.

подобро отворивме во вториот дел и поведовме со 20-17, но ривалот успеа со три врзани гола да изедначи на 20-20. Влеговме во неизвесен финиш, пред самиот крај на мечот беше 24-24, но за жал противникот подобро се снајде во пресудните моменти и победи со 25-26 на оваа кадетска средба.

Кај нас прв стрелец беше Миленковска Леона со дури 9.гола, 5.погодока беа дело на Шехтанска Ангела, а Ива Николова дуелот го заврши со 3.успешни затресувања на противничката мрежа.