Денес на Локомотива, последното есенско коло во Регионалната Скопска Лига го одиграа генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар, кои за противник го имаа тимот на Куманово 2012.
Втора последователна победа за генерацијата 2009. Помладите петлиња со триумф го завршија есенскиот дел во Регионалната Скопска Лига.
Денес на Локомотива, генерацијата 2009 успеа минимално со 1:0 да биде подобра од екипата на Куманово 2012 и со тоа да им го нанесе првиот пораз сезонава на тимот од Куманово. Стрелец на единствениот гол беше Алек Чедомирски кој погоди со удар од белата точка.
Избраниците на Златко Тасевски имаа поголем дел од играта на овој натпревар, можевме и на полувреме да имаме предност, но сепак не успеавме да ги искористиме шансите. Обиди кон голот на гостинската екипа имаше Матеј Ристевски, кој после центар шут од корнер, биеше со глава крајот голот, додека во прилика се најде и Мартин Смиљков, кој биеше во горниот десен агол, но голманот одбрани. Најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Ристевски, кој се најде во добра позиција, но поуспешен беше голманот на Куманово. На полувреме се замина со почетните 0:0. Во првиот дел добра прилика имаше и гостинската екипа, кога ја погодија пречката од голот на Грчевски.
Игравме офанзивно и во второто полувреме, а првата голема прилика во овој дел ја имаше нововлезениот Даријан Величковски, кој иако имаше добра позиција, сепак шутираше високот над голот. Вардар успеа да поведе со казнен удар од белата точка. Откако во противничкиот шеснаесетник соборен беше Матеј Николов, главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Алек Чедомирски кој донесе водство од 1:0 и победа за црвено-црните. До крајот не видовме посериозна шанса на двете страни, генерацијата 2009 стигна до својата петта победа сезонава во ова натпреварување.
Вардар: Лука Грчевски, Даниел Колевски (К), Максим Дошев, Павел Котески, Алек Чедомирски, Матеј Николов, Матеј Ристевски, Коста Бошковски, Давид Колевски, Вилијам Ангеловски и Мартин Смиљков.
Генерацијата 2008 се врати на победите, висок триумф за избраниците на Влатко Колев на натпреварот од Регионалната Лига со екипата на Куманово 2012. Успешен крај на есенскиот дел за повозрасните петлиња, кои со резултат 5:1 беа подобри од екипата на Куманово.
Пред да го отвориме резултатот, во шанси се најдоа Цветковски и Заев, но се уште немаше промена на резултатот. Нашите надежи инцијативата ја претворија во погодок, во 19 минута кога после центар шут на Блажевски од корнер, Матео Кесиќ беше играчот кој успеа да го совлада гостинскиот голман за предност од 1:0. Во 31.минута екипата на Куманово успева да воспостави резултатска рамнотежа на теренот, откако успеа да го израмни резултатот на 1:1. На голот претходеше слободен удар, кој го одбрани Грбевски, но на одбиената топка стигна Јанковски кој постигна гол. Сепак ние до крајот на првото полувреме, односно во 34.минута успеавме да ја вратиме предноста, со голот на Петар Блажевски, откако најпрво Данило Делев биеше, голманот за момент одбрани, но Блажевски стигна на одбиената топка за да ја смести во голот за водство од 2:1, резултат кој беше актуелен на полувреме. Пред крајот на првиот дел, гостинскиот тим остана и со играч помалку на теренот поради доделен црвен картон.