Вчера во дуелот од 12.коло, на натпреварот меѓу Скопје и ЖРК Вардар, кој го добија девојките на Царчев со 34-16 имаше несекојдневен момент. Во нашиот тим имаше две девојки кои за ривал од спротивната страна ги имаа сопствените сестри.
Сите четири сестри се запишаа во листата на стрелци, нивните постигнувања се во заградите. Во редовите на Вардар игра пикерот, Нина Попова (1.гол), кај ривалот поранешната екс вардарка, нејзината сестра Јасмина Попова (9.гола). Во составот на црвено-црните е и Максимовска Наталија (2.гола), која во тимот на ЖРК Скопје ја има сопствената сестра Надица Максимовска која погоди еднаш (фото).