Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите по пресврт дојдоа до победа кај Скопје, на последниот дуел во 2022
Кадетите  по пресврт дојдоа до  победа кај Скопје,  на последниот дуел во 2022

Кадетите по пресврт дојдоа до победа кај Скопје, на последниот дуел во 2022

Кадетите на Вардар 1961, денес гостуваа кај тимот на РК Скопје 2020 во салата “Форца“. Момците на Зоран Петковски-Зенга успеаа да направат пресврт на оваа средба и да дојдат до победа со резултат 38-41 (21-19).

Натпреварот започна рамноправно се до 5-5, двата тима беа на гол позитива па следеше изедначување. Нашите момци со мини серија 1-3 поведоа со два гола при резултат 5-8.  Потоа домашниот тим успеа да се врати на реми при резултат 10-10, беа поуспешни во финишот и поведоа со два гола повеќе, на одмор се замина со  21-19 за Скопје.

3

Успеавме на самиот почеток на вториот дел да се вратиме на реми при резултат 23-23. Игравме далеку подобро од домаќинот и направиме пресврт и поведовме со високи пет гола, 30-35. До крајот умешно ја задржавме предноста и дојдовме до важна победа на последниот дуел во 2022 со која сме на 2.позиција на табелата во групата-А. Триумфиравме со резултат 38-41.

Томислав Стаменов даде 10.гола и беше прв стрелец,  Петар Илиевски впиша  8.гола,  7 гола беа дело на Јован Боќиновски, а погоди во 6.наврати и Матај Тевдовски.