Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар убедлив со Спартак, Миновска со двоцифрен број голови
ЖРК Вардар убедлив со Спартак, Миновска со двоцифрен број голови

ЖРК Вардар убедлив со Спартак, Миновска со двоцифрен број голови

ЖРК Вардар заврши како лидер во групата-А во женската лига. Денес на последниот дуел од есенскиот дел воедно и последниот од групната фаза го совладавме тимот на Спартак.

На оваа средба бевме гости во салата “Круме Кепески”, на почетокот единствено само до 2-2 беа рамноправни со нас. Потоа влеговме во ритам и до крајот на првиот дел поведовме со 9.гола, на одмор водевме со 12-21. Во вториот дел само ја зголемувавме предноста која нарасна на високи 31.гол до 60.минута. Победата дојде со резултат 17-38 на крајот.

Кај нас Миновска даде 10.гола, капитенот Диневска имаше 8.погодоци, а Џатевска Ивана погоди во 7.наврати. Илиќ  одбрани 12.удари, а Галачева сопре 6.топки.