Кадетите на Вардар 1961, денес гостуваа кај тимот на РК Скопје 2020 во салата “Форца“. Момците на Зоран Петковски-Зенга успеаа да направат пресврт на оваа средба и да дојдат до победа со резултат 38-41 (21-19).
Натпреварот започна рамноправно се до 5-5, двата тима беа на гол позитива па следеше изедначување. Нашите момци со мини серија 1-3 поведоа со два гола при резултат 5-8. Потоа домашниот тим успеа да се врати на реми при резултат 10-10, беа поуспешни во финишот и поведоа со два гола повеќе, на одмор се замина со 21-19 за Скопје.
Успеавме на самиот почеток на вториот дел да се вратиме на реми при резултат 23-23. Игравме далеку подобро од домаќинот и направиме пресврт и поведовме со високи пет гола, 30-35. До крајот умешно ја задржавме предноста и дојдовме до важна победа на последниот дуел во 2022 со која сме на 2.позиција на табелата во групата-А. Триумфиравме со резултат 38-41.
Томислав Стаменов даде 10.гола и беше прв стрелец, Петар Илиевски впиша 8.гола, 7 гола беа дело на Јован Боќиновски, а погоди во 6.наврати и Матај Тевдовски.