Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес настапи на младински турнир кој го организира ФК Бутел. Нашите млади надежи го завршија настапот во групната фаза, откако не успеаа да се пласираат во полуфиналето. Одигравме три натпревари, на кои остваривме еден нерешен резултат и два порази.
На првиот натпревар нашите млади надежи беа поразени од екипата на Нова Колонија со резултат 4:0, сите голови паднаа во првиот дел од натпреварот.
На вториот натпревар одигравме многу подобро, противник ни беше екипата на Бутел и можеме да жалиме што не успеавме да стигнеме до победа со оглед дека во последната минута не погодивме од белата точка, односно нашиот играч ја погоди пречката, па натпреварот заврши со почетните 0:0.
Во рамките на 3.коло на турнирот кој го организира ФК Бутел, нашите млади надежи од генерација 2011 во еден интересен и ефикасен натпревар беа поразени од екипата на Караџов и на тој начин ги завршија настапите во групната фаза.
На натпреварот со Караџов, имавме предност од 2:0, но сепак до крајот на мечот противникот направи резултатски пресврт и славеше со резултат 2:3.