Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Лош есенски дел за пионерите на ФК Вардар
Лош есенски дел за пионерите на ФК Вардар

Лош есенски дел за пионерите на ФК Вардар

Лоша полусезона имаа пионерите на Вардар, генерацијата 2006 која минатата сезона ја обедини двојната круна во Македонија. Екипата која ја предводи Марјан Герасимовски има лош пласман после финишот на есенскиот дел, со оглед дека се наоѓаат на 8.место на табелата со само 13 освоени бодови, или 12 помалку од првопласираниот тим во Лигата. Сигурно дека на лошите резултати имаше влијание и отсуството во текот на целата полусезона на неколку играчи кои беа повредени, сепак пласманот не е реално мерило на оваа генерација.

Сите резултати на пионерите во првиот дел од сезоната во лигата.

1 коло: Кул – Вардар  1:2

2 коло: Вардар – Милано  4:1

3 коло: Шкендија – Вардар  2:2

4 коло: Вардар – Работнички  0:3

5 коло: Охрид – Вардар  2:2

6 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  3:1

7 коло: Вардар – Шкупи  3:1

8 коло: Академија Пандев – Вардар  4:2

9 коло: Вардар – Пелистер  1:3

10 коло: Победа – Вардар  1:1

11 коло: Вардар – Брегалница  1:1

Пионерите на пролет ќе ја продолжат одбраната на трофејот во Купот, со оглед дека се пласираа во најдобрите осум екипи во ова натпреварување. Во рамките на 1/8 финалето, Вардар беше подобар од тимот на Победа со резултат 2:1.