Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките го совладаа Чаир во гости, Шехтанска со 15.гола
Кадетките го совладаа Чаир во гости, Шехтанска со 15.гола

Кадетките го совладаа Чаир во гости, Шехтанска со 15.гола

Кадетките на ЖРК Вардар, вчера гостуваа кај тимот на Чаир. Девојките на Платон и Папуџиева победија со високи 31-43.

Започна со по еден погодок за почетни, 1-1. Се играше рамноправно се до 5-5, потоа следеа наши минути. Со серија 1-5 црвено-црните дами поведоа со четири плус при резултата 6-10. Бевме подобар противник и на одмор заминавме со седум позитива, за време на паузата беше 12-19 за нас.

Со игра гол за гол во вториот дел ја одржувавме предноста од седум гола се до некаде на средината на вториот дел, резултатот беше 23-30. Во финишот успеавме да отиде на двоцифрена предност, победивме со 12 повеќе. Триумфот дојде со 31-43.

Шехтананска Ангела даде неверојатни 15.гола, Миленковска Леона беше втор стрелец со 13.гола, Николова Ива погоди 9.пати.