Новата сезона во СЕХА-лигата, Вардар треба да ја отвори на 28.јануари со натпревар против екипата на Татран Прешов.
Вардарци се наоѓаат во групата Б, во која се уште и екипите на Партизан и Татран Прешов, додека привилигиран тим од оваа група е екипата на Загреб. Во другата група се наоѓаат екипите на Нексе, Војводина и Еурофарм Пелистер, додека привилигиран тим е Веспрем.
Секој ќе игра против секого во групите и сите екипи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, каде ќе се игра по системот А1 – Б4, А2 – Б3. Победниците од четвртфиналните натпревари ќе се пласираат на завршниот турнир во ова натпреварување.