Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што се случува во Вардар!? Газда Слободан вели почекајте, играчите велат нема тренинг дур не видиме пари
Што се случува во Вардар!? Газда Слободан вели почекајте, играчите велат нема тренинг дур не видиме пари

Што се случува во Вардар!? Газда Слободан вели почекајте, играчите велат нема тренинг дур не видиме пари

И повторно тешко, многу тешко зимо за ФК Вардар, за играчите, но и за навивачите на клубот. Иако имаше најави за стабилизирање на клубот и преземање на нови газди, сепак од тоа ниту ден денес нема ништо конкретно, освен ветување дека работата ќе се среди набрзо и дека клубот ќе се врати конечно на нормално функционирање.

И како навивачите на Вардар и фудбалерите да веруваат во овие зборови од газда Слободан , после сите лаги и измами кои им ги сервираа во минатото со нови газди од Катар од Турција и да не ги редиме понатаму, оти глава почнува да боли..  10-ти јануари и наводната официјализација или што и да било планирано со новите сопственици не се случи, еве помина и осмиот ден од таа информација, а останува се исто, само приказни и ветување со зборовите почекајте… Ајде навивачите на клубот ќе почекаат, но секако дека фудбалерите еден по еден ќе почнуваат да си бараат чаре.

,,Вардар Фанс” јавно и отворено го прашува Слободан Крстевски сопственикот на ФК Вардар, до каде е работата околу преземањето на нашиот клуб и дали всушност има сериозни намери да се преземе клубот од други сопственици. Бараме отворено да соопшти до каде е работата и дали навистина има сериозни преговори. Доста ние е веќе на сите од чекање и нестрпливи денови.

,,Вардар Фанс” , секогаш тука за доброто на нашата прва љубов, ФК ВАРДАР!