Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Како се наближува почетокот на првенството, формата се подобрува
Недановски: Како се наближува почетокот на првенството, формата се подобрува

Недановски: Како се наближува почетокот на првенството, формата се подобрува

Вардар во петок патува за Прешов на меч против Татран.

Ракометарите на Вардар во Скопје ги одбработуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната, а викендов ќе гостуваат во Прешов, Словачка каде ќе го играат првиот меч од новата сезона во СЕХА Газпром лигата. Средбата меѓу Вардар и Татран е во сабота од 16 часот. Во пресрет на првиот натпревар во новата година своите очекувања за официјалната страна на клубот ги сподели шефот на стручниот штаб, Владо Недановски кој го изјави следново:

-Ги одработуваме подготовките во Скопје и со ракометарите кои максимално посветено ги извршуваат задачите. Поради настинки некои отсуствуваа од некои тренинзи, но најважно е што како се наближува почетокот на првенството формата се подобрува. Ме радува што и новите играчи веќе влегуваат во системот на Вардар, но секако ќе им треба време. Со Дутра, Аларов и Јагуриновски ќе имаме и можност за поголема ротација во играта. Ги очекуваме и нашите репрезентативци од СП со кои Вардар пролетва ќе биде повторно силен.

Првиот натпревар на домашен терен ќе биде на 1.февруари кога во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Партизан од Белград.

-Не очекуваат повеќе натпревари, а веднаш по гостувањето во Словачка се враќаме дома и следната среда ќе бидеме домаќини на Партизан повторно во СЕХА лигата. Очекувам и публиката да биде со нас, бидејќи во следните месеци доаѓаат силни, интересни и важни натпревари, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.