Вечерва со почеток од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на Партизан, на натпревар од 2.коло во СЕХА-лигата. За вечерашниот натпревар, Комити најавуваат мобилизација на сите подгрупи, со цел поголема поддршка за Вардар, а на натпреварот ќе бидат присутни и фудбалерите на клубот. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ!
Градот е мобилизиран, “Продукција Запад” е спремна. Покрај присуството во копот, важно е секој да го донесе својот шал, по можност шалот “Пасионери”, со цел да испадне се како што е испланирано. Истиот ќе може да го купите на собирот, пред почетокот на натпреварот.
На овој натпревар ќе присуствуваат и фудбалерите на ФК Вардар, хероите кои вчера и покрај сите проблеми решија за Вардар и Комити да се борат до крај. Дојдете, да ги поздравиме онака како што заслужуваат.
Собир: Пред сала | 17:00ч
Билет: 100 ден.
Билетите се купуваат пред влезот наменет за Комити.
Пред натпреварот ќе се продаваат:
Шалови “Пасионери”
цена: 850 ден. со членска | 1000 ден. без членска
Маички “Боже чувај ја Македонија”
Цена: 350ден.
Знаменца / Фрешери
цена: 150 ден. заедно | 100 ден. посебно
Членски карти: Златна 3000 ден. | Сребрена 1500 ден. | Обична 500 ден.
Исто така, сите што нарачаа дуксери “Вардарци на зимување” ќе имаат можност на собирот да си ги подигнат.
ИГРА ВАРДАР – СИТЕ ВО САЛА!