Екипите на ЖРК Вардар и Куманово одиграа со нерешен резултат 30:30, на контролен натпревар кој вечерва се одигра во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“.
Ова беше еден вид на тренинг натпревар за двете екипи, кои се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, кој стартува во месец март. Видовме натпревар со голем број на постигнати голови, на кој тренерите на двете екипи испробуваа различни тактички варијанти во пресрет на главните предизвици во лигата и Купот. На полувреме на овој пријателски натпревар, Вардар беше во предност со резултат 15:14.
На нашиот гол се истакна Андреа Илиќ која имаше 9 одбрани, Јована Трајкоска имаше 2, една интервенција запиша и Вероника Ѓорѓиевска. Што се однесува до листата на стрелци кај Вардар, најефикасна беше Ивона Трпевска со 7 постигнати голови, додека по 4 имаа Магдалена Тошевска, Нина Попова и Сара Миновска.