Владимир Жоглев беше играчот на одлука на денешниот натпревар од 17.коло во ВМФЛ, во кое Вардар гостуваше кај екипата на Охрид.
Црвено-црните успеаа да слават минимално (0:1) со голот на Жоглев во 94 минута од натпреварот, или на една минута пред крајот на судиското надополнување на овој натпревар. Ова беше вкупно 12.триумф сезонава за Вардар, многу битен во продолжување на борбата за пласман во ПМФЛ.
Погодокот на Жоглев вреден три бода, кој донесе голема радост на играчите со Комити, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.