Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на Вардар со победа над РК Кузман
Кадетите на Вардар со победа над РК Кузман

Кадетите на Вардар со победа над РК Кузман

Кадетите на РК Вардар 1961, вчера на домашен терен лесно и убедливо го совладаа тимот на РК Кузман Илинден. Црвено-црните момци дојдоа до победа со резултат 55-13.

Вардарци отворија со девет последователни голови во мрежата на ривалот, а не дозволивме ниту еден во нашата за почетни 9-0. До полувреме од минута во минута ја зголемувавме предноста која изнесуваше 23.гола за време на паузата. На одмор заминавме со  резултат 27-04  на семафорот во салата „Круме Кепевски“ во наша корист.0

 Во вториот дел само продолживме со истиот ритам, тренерот на вардарци Зоран Петковски-Зенга им даде шанса на сите играчи од ростерот. Победата дојде со резултат 55-13 на оваа кадетска средба од групата-А.

1

Никола Нечовски беше прв стрелец со 10.гола, Петар Илиевски и Лука Најдовски успеаа  да погодат  во 7.наврати, тројца момци имаа „ 5ки“ зад своите имиња и тоа: Цветковски Алексеј, Томислав Стамеков и Матеј Новаковски.