Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките без бодови од дуелот кај Ѓорче Петров
Кадетките без бодови од дуелот кај Ѓорче Петров

Кадетките без бодови од дуелот кај Ѓорче Петров

Кадетките на ЖРК Вардар, вчера одиграа дуел од својата конкуренција, тие гостуваа кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, на оваа средба домаќинот не совлада со резултат 29-25 (13-12).

Оваа средба започна рамноправно со почетни два гола во двете мрежи за 2-2 на стартот. Домаќинот имаше повеќе од играта и успеа да се одлепи на четири гола, дотогаш најголемата предност за нив при резултат 8-4 некаде на средината на првиот дел.  Младиот состав на вардарки, успеа да се врати во игра, беше подобар во следниот период и со серија 1-4 намали на само гол негатива, на семафорот стоеше 9-8. Успеавме да не дозволиме да се одлепи домашната екипа, па на одмор заминавме со минимална негатива, односно со резултат 13-12 за ѓорчепетовки.

Вториот дел започна со неколку резултатски симетри, на семафорот беше 13-13, потоа  14-14 и 15-15 и на крајот 16-16. Домашната екипа успеа да се одлепи и да биде неколку чекора пред нас па на крајот дојде до победа. Ние бевме поразени со резултат 29-25 на оваа за нас прва официјална средба во 2023 година, во првото коло  минатата сезона во групата-А бевме слободни.

Кај нас Ангела Шехтанска беше прв стрелец со 10.гола, Миленковска Леона имаше 4.гола, по три пати стрелаа Сара Ристовска и  Иван Николова.