Пионерските екипи на ФК Вардар како дел од подготовките кои се одвиваат во Дојран, денес одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница.
Пионерите на Вардар беа поразени со резултат 1:2. Противникот прв го отвори резултатот, за нашиот состав да го израмни резултатот со голот на Кристијан Галевски, инаку повратник во Вардар. На полувреме се замина со резултат 1:1. Во вториот дел видовме неколку шанси на двете страни, за една Брегалница да реализира и на крајот да го добие натпреварот. На нашиот гол, неколку добри интервенции имаше Максим Краљевски.
Вардар: Максим Краљевски, Андреј Ѓуроски, Драган Јанкоски, Давид Цековски, Матеј Ѓоргиевски, Мирза Хасиќ. Харбин Туша, Кристијан Галевски, Максим Цониќ, Хабиб Бектеши и Марко Николовски.
Генерацијата 2007 на Вардар одигра со нерешен резултат 2:2 во соочувањето со врсниците од Брегалница. Можеме да жалиме што не стигнавме до победата со оглед дека имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Антонијо Крстевски, но сепак штипјани до крајот на мечот постигнаа два гола во нашата мрежа и се изборија за нерешен резултат.
Вардар: Лука Јаневски, Филип Дамевски, Ненад Стојанчевски, Мичо Поповски, Алексеј Ивановски, Марко Крстевски, Петар Котевски, Бобан Бакрачески, Иван Блажевски, Антонијо Крстевски и Михаил Јорданоски.