Екипите на РК Вардар и Еурофарм Пелистер ја продолжуваат борбата за Шампионската титула, откако славеа и во 3.коло од Плеј-Офот во Супер Лигата. Колото го отворија Вардар и Бутел, натпревар на кој црвено-црните стигнаа до висока победа, додека вчера и се комплетираше колото, во кое до победи стигнаа и екипите на Еурофарм Пелистер, Тиквеш и Алкалоид.
Резултати од 3.коло:
Вардар – Бутел 36:18
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 16:29
Тиквеш – Охрид 28:24
Алкалоид – Пролет 27:21
На табелата, Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по максимални 12 освоени бодови, додека Тиквеш е трет со 7 бодови.