Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објавуви поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.
Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар сениорите ќе го оддиграат на домашен терен на 09.03.2023 год со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12.03.23 гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во градот Порто со почеток во 18:30 часот.
За овие натпревари на поширокиот список се најдоа осум играчи од редовите на Вардар, а интересно ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Меѓу повиканите ракометари се Мартин Томовски, Васил Гогов, Томислав Јагуриноски, Михаил Аларов, Ален Ќосевски, Филип Талески, Марко Мишевски и Мартин Карапалевски.