Утре со почеток од 14:00 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, ФК Вардар е домаќин на Детонит, на натпревар од 18.коло во ВМФЛ.
Судиската тројка доаѓа од Тетово, на чело со Фуркан Идризи, додека негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи.
На првиот натпревар одигран во есенскиот дел во Радовиш, двете екипи одиграа со нерешен резултат 1:1.
На врвот во ВМФЛ е многу интересно и неизвесно. Гостивар, Вардар и Воска Спорт имаат по 40 освоени бодови.