Нови репрезентативни покани за вардаровите играчи.
Младата репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два меѓународни пријателски натпревари со репрезентацијата на Словенија, кои се закажани на 7.03 и 09.03 во Скопје.
Селекторот на Македонија, Раде Каранфилоски, за овие натпревари ги повика Павел Грбевски и Душан Бојовиќ Заев од редовите на Вардар.