Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар домаќин на Детонит, Идризи од Тетово главен судија
Вардар домаќин на Детонит, Идризи од Тетово главен судија

Вардар домаќин на Детонит, Идризи од Тетово главен судија

Утре со почеток од 14:00 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, ФК Вардар е домаќин на Детонит, на натпревар од 18.коло во ВМФЛ.

Судиската тројка доаѓа од Тетово, на чело со Фуркан Идризи, додека негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи.

На првиот натпревар одигран во есенскиот дел во Радовиш, двете екипи одиграа со нерешен резултат 1:1.

На врвот во ВМФЛ е многу интересно и неизвесно. Гостивар, Вардар и Воска Спорт имаат по 40 освоени бодови.