Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ќосевски повикан да игра за ракометната репрезентација, на скратениот список место имаше уште за тројца вардарци
Ќосевски повикан да игра за ракометната репрезентација, на скратениот список место имаше уште за тројца вардарци

Ќосевски повикан да игра за ракометната репрезентација, на скратениот список место имаше уште за тројца вардарци

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2.

На скратениот список се најдоа четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Мартин Томовски, Томислав Јагуриноски, Ален Ќосевски и Филип Талески.

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар сениорите ќе го оддиграат на домашен терен на 09.03.2023 год со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12.03.23 гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во градот Порто со почеток во 18:30 часот