И покрај сите проблеми, Вардар истрча на терен и забележа многу значајна победа против секогаш незгодниот оваа сезона, тимот на Детонит Плачковица. Со оваа победа, Вардар останува на лидерската позиција каде го дочекува дуелот со Борец, веќе во среда на гостински терен.
Вардарци до водство од 1-0 стигнаа во 60. минута кога Христијан Вецевски стрелаше за 1-0. До крајот победата ја запечати Дејан Цветаноски во 84. минута за сигурни три бода.
Да напоменеме дека одличен настап денес имаа Николовски, кој го замени Дарко Мицевски на средината на теренот, како и стоперскиот тандем Мишковски и стрелецот на голот Вецески.
Само напред, Вардаре!