За фудбалерите на ФК Вардар одмор нема. По големата и значајна победа во саботата, веќе во среда играчите на Грнчаров ќе гостуваат во Велес кај тимот на ФК Борец кој оваа сезона едвај освои еден бод и тоа во минатото коло, кога играше 1:1 со Тетекс.
Поради акумулирани пет жолти картони, напаѓачот Дарио Десниќ и играчот од средината на теренот Николовски Кристијан ќе го ,,скокнат” гостувањето во Велес.
Инаку, овој дуел се игра во среда во Велес со почеток од 14.00 часот. Вардар е апсолутен фаворит за трите бода.