Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 20.коло во ВМФЛ.
Во недела (12.03), ФК Вардар е домаќин на екипата на Караорман. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари со почеток од 14:00 часот.
Во ова коло на програмата е и дербито меѓу екипите на Воска и Гостивар. Вардар и Воска на табелата имаат по 46 освоени бодови, додека Гостивар има 44 бодови.
Вардар може да „профитира“ и од ова коло, секако е потребна победа во недела, додека во сабота се игра дуелот на Воска и Гостивар.