Овој викенд на програмата во втората сениорска кошаркарска лига се дуелите од 18.рунда, во ова коло црвено-црните се домаќини.
КК Вардар ќе ја пречека екипата на Црн Дрим од Струга, оваа средба е закажана за утре, сабота (11.март). Натпреварот кој ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ ќе започне во 17-00 часот. Судии делегирани на оваа средба се: К.Филиповски, Ф.Филиповски и А.Ивановски.