Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Царчев: Подготовени сме, ќе атакуваме на пехарите оваа пролет
Царчев: Подготовени сме, ќе атакуваме на пехарите оваа пролет

Царчев: Подготовени сме, ќе атакуваме на пехарите оваа пролет

 Завшува долгата зимаска пауза за ракометарките во земјава, од утре со настапот во првото коло од плеј-офот започнува пролетниот дел од сезоната, во првата рунда ривал  на вардарки ни е  екипата на Металург во дербито кое го играме на домашен терен. Кормиларот на ЖРК Вардар, тренерот  Царчев Александар за зимските подготовки и утрешниот меч ни изјави:

Подготовките се зад нас, истите минаа одлично, екипата е подготвена за пролетниот дел кој започнува со дуелите во плеј-офот. Имавме одлични подготовки и квалитетни тест-мечеви. Вардар на секоја средба ќе атакува на победа, утре не очекува првиот дуел и истиот е дерби. На мечот со Металург до победа ќе дојде екипата која повеќе ја посакува победата.

 cAKI1-660x330-660x330

Кормиларот на црвено-црните заедно со девојките ги очекуваат натпревари оваа пролет во три натпреварувања, за истите вели:

Пред нас се дуели на три фронта оваа пролет, во плеј-офот каде атакуваме на титулата и посакуваме да бидеме подобро пласирани од минатата сезона, нормално сакаме да сме први, или евентуално на позициите „два“ или „три“.  Во купот на Република Македонија ќе го “нападнеме“ пехарот, додека во младинската лига наша цел е да ја освоиме истата, тука имаме квалитет и добри играчи. Целта оваа сезона девојките да се развиваат на ракометен план, за следната да бидат уште поквалитетни и да настапиме со успех во европските купови.

 45-660x330

Царчев за крај дополнува за младите девојки кои оваа сезона ги има во ростерот:

 

Треба да напоменам дека во тимот оваа сезона имаме значајно подмладување, голем број на млади играчи со кои работиме на нивното ракометно созревање. Тоа беше нашата првична цел и се разбира ако ни се пружи шанса веќе оваа сезона од трите можни пехари да освиме бар два со вардарките- завршува Царчев.