Победа за пионерите и пораз за пом.пионери на дуелите со Шкендија.
Вардар во пионерскиот дуел беше подобар од тетовчани со резултат 1:0 (1:0)
Вардар: Краљевски Максим, Цековски Давид, Алексовски Дамјан, Туша Харбин, Цониќ Максим , Гаштаров Матеј , Танчев Михаил, Николовски Марко, Ѓорѓиевски Матеј, Јанкоски Драган и Бектеши Хабиб.
Пионерите, денес одиграа одличен натпревар во кој доминираа од почетокот до крајот . Во прво полувреме најнапред бележиме удари на Марко Николовски ,Максим Цониќ и Харбин Туша, но за малку беа непрецизни. Добрата игра игра ја крунисавме со гол . Максим Цониќ одлично изведе корнер а на вистинското место се најде Матеј Гаштаров кој со нога го матираше голманот на Шкендија. Со предност од еден гол, односно со резултат 1-0 заминавме на пауза.
Во второ полувреме повторно бевме подобар противник но сепак противникот имаше пенал . Нашиот голман Стефан Нанчовски беше концентриран и успеа да го одбрани ударот од белата точка. До крај бележиме одличен волеј на Михаил Танчев кој голманот со крајни напори го одбрани и одличен шут од преку 20 метри на Давид Цековски но повторно одбрани голманот.
Во игра од клупата кај нас влегоа на оваа средба Миовски Александар, Матеј Анастасов и Нанчовски Стефан.
Помладите пионери на Вардар беа соваладани од Шкендија со резултат 0-2 (0-1)
Вардар: Јаневски Лука, Поповски Мичо , Ивановски Алексеј, Крстевски Марко, Керими Фуад , Блажевски Иван, Јорданоски Михаил, Стојанчевски Ненад, Крстевски Антонијо , Бакрачески Бобан и Дамевски Филип.
Двата тима започнаа резервирано на почетокот, за наша несреќа противникот успеа да погди на самиот почеток во 6.минута поведе со 0-1, резултат со кој се замина и на одмор. Во вториот дел ние не успевме да изедначиме, а противникот со уште еден погодок оствари победа и дојде до три бода со резултат 0-2. За нас голема прилика имаше Крстевски Антонијо, сепак бодовите заминаа за Тетово.