Денес во финалниот дуел од ¼-финалната група во Купот на Република Македонија, ЖРК Вардар се сретна со тимот на Деспина од Прилеп. По победата вчера против Шампион, денес исто така доминиравме во средбата со Деспина, победата дојде со резултат (17-11).
Дуелот започна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, потоа црвено-црните ја преземаа инцијативата. Најпрвин се одлепивме на три гола позитива при резултат 6-3, ние имавме доминација во двата правца. Од минута во минута ја зголемувавме предноста па на одмор заминавме со шест гола повеќе, односно со резултат 17-11 за вардарки.
Вториот дел во салата „Круме Кепески“ започна фуриозно, вардаки на брзина со серија 6-2 се одлепија на двоцифрена предност при резултат 23-13. Сепак тука не застана од минута во минута предноста раснеше, победивме со дури 18.гола, во овој период примивме само 9.гола, а „испорачавме“ дури 21 во противничката мрежа. Триумфот дојде со резултат 38-20 на овој натпревар кој ни донесе пласман на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Македонија.
Ивона Трпевска беше одлична и дојде до 8.гола, Тошевска Магдалена постигна 6.погодока, а 5.гола беа дело на Бојана Коцева на оваа куп средба.
Голманките беа одлични, Андреја Илиќ сопре 9.удара, Вероника Ѓорѓиевска одбрани 4.топки, а Трајкоска Јована сопре 3.удари.