Екипата на РК Вардар успеа да се пласира на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански во рамките на финалето на 1/4 финалната група убедливо со резултат 37:24 го победија тимот на Скопје.
Недановски денес комбинираше со составот, некои од главните играчи не влегоа на теренот, сепак вардарци беа преголем „залак“ за тимот на Скопје. Противникот се држеше само во првите десет минути кога резултатот беше израмнет, за Вардар да влезе во серија и на полувреме веќе да има солидна предност од 19:12.
Второто полувреме во кое само растеше предноста на црвено-црните, беше рутина. Континуирано ја зголемувавме предноста за на крајот со висока победа да го потврдиме пласманот на Ф4 турнирот во Купот, натпреварување во кое го браниме трофејот освоен од минатата сезона.
Најефикасен во Вардар на денешниот натпревар беше Јан Чувара со 9 постигнати голови.