Репрезентативни покани за младите вардарови играчи.
Македонија У16 во периодот од 20.03-26.03 во Албена (Бугарија) ќе се натпреварува на УЕФА развоен турнир, со соодветните репрезентации на Бугарија, Косово и Гибралтар. За овие натпревари, селекторот на Македонија, Дашмир Беари, од Вардар ги повика Лука Атанасовски, Златко Радески и Емир Шаботиќ.
Македонија У17 на 25.03 и 27.03 во Скопје ќе одигра контролни натпревари со соодветната репрезентација на Романија. Селекторот Вујадин Станојковиќ упати повик до Нуман Ајетовиќ и Давор Лефковски.
Активна во претстојниов период ќе биде и Македонија У18, која на 24.03 и 27.03 ќе одигра два пријателски натпревари со репрезентацијата на Азербејџан, во Баку. Марко Стојилевски и Давор Серафимов добија повик од селекторот, Тони Јакимовски, за овие натпревари.