Познати се екипите кои се пласираа на завршниот ракометен турнир во Купот на Р.Македонија. За трофејот ќе се борат екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет и Алкалоид.
Вардар успеа да излезе како победник во својата група, најпрво со триумф против Охрид, а потоа и против тимот на Скопје.
Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се одржи на 13 и 14 мај, а Ракометната федерација на Македонија дополнително ќе одреди каде ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари.
Вардар е актуелен освојувач на Купот, откако минатата сезона во големото финале го победи тимот на Еурофарм Пелистер.