Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Седум играчи од младинската школа на ФК Вардар, добија повик за настап во националните репрезентации
Седум играчи од младинската школа на ФК Вардар, добија повик за настап во националните репрезентации

Седум играчи од младинската школа на ФК Вардар, добија повик за настап во националните репрезентации

Репрезентативни покани за младите вардарови играчи.

Македонија У16 во периодот од 20.03-26.03 во Албена (Бугарија) ќе се натпреварува на УЕФА развоен турнир, со соодветните репрезентации на Бугарија, Косово и Гибралтар. За овие натпревари, селекторот на Македонија, Дашмир Беари, од Вардар ги повика Лука Атанасовски, Златко Радески и Емир Шаботиќ.

Македонија У17 на 25.03 и 27.03 во Скопје ќе одигра контролни натпревари со соодветната репрезентација на Романија. Селекторот Вујадин Станојковиќ упати повик до Нуман Ајетовиќ и Давор Лефковски.

Активна во претстојниов период ќе биде и Македонија У18, која на 24.03 и 27.03 ќе одигра два пријателски натпревари со репрезентацијата на Азербејџан, во Баку. Марко Стојилевски и Давор Серафимов добија повик од селекторот, Тони Јакимовски, за овие натпревари.