Ракометарите на Вардар славеа убедлива победа (31:24) во дерби натпреварот од Супер Лигата против екипата на Еурофарм Пелистер.
Со овој триумф, црвено-црните направија голем исчекор кон освојување на Шампионската круна.
Победата ја прославија ја соблекувалната, со селфи, а голманот Борко Ристовски напиша статус кој никого нема да остави рамнодушен.
„И покрај сè. Против сите што сакаат да нè нема. Ова е тоа што ја одржува екипата. Единство, срце и храброст“, напиша Борко.