Вардар успеа да го добие дерби натпреварот од ракометната Супер Лига против екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните наравија голем исчекор кон одбрана на Шампионската титула, откако вечерва победија со резултат 31:24.
Натпреварот го гол го отвори Куни Моралес, за вардарци цели седум минути да не успеат да постигнат гол, а Еурофарм Пелистер благодарение на три одбрани на Лесјак да поведе со 1:2. Моралес повторно беше играчот кој погоди за Вардар, овој пат дури во 9.минута од натпреварот. Гледавме игра гол за гол, во која и двете екипи се менуваа во предност, која не беше поголема од еден гол разлика. Откако Карапалевски погоди за израмнување на 6:6 во 17.минута од натпреварот во салата влегоа навивачите на Пелистер, кои со факели маваа кон трибината каде не беа Комити, но имаше други вардарови навивачи. Се случи нешто непосакувано, Комити влегоа на теренот, со цел да се пресметаат со Чкембри, па имаше прекин од околу 15 минути.
Продолжи натпреварот, а Вардар подобро се снајде во останатите 13.минути од првиот дел. При резултат 10:10, успеавме да направиме серија од 3:0 и на полувреме да заминеме со предност од 13:10, откако Борко одбрани седмерец Талески погоди за три разлика позитива на полувреме.
Каков старт на вториот дел за црвено-црните, со по два гола на бразилецот Дутра и еден на Талески и Георгиевски, како и две одбрани на Томовски, Вардар по само 4 минути игра имаше највисоки 17:11. Битолчани немаат решение за играчот кој влезе во вториот дел, Дутра со нов гол му донесе предност на Вардар од 19:12 во 37 минута. Поранешниот вардаров голман, Марко Кизиќ, го замени Лесјак на голот на Еурофарм Пелистер, врза три одбрани, кои ги користи неговиот тим за намалување на резултатот на 22:18 во 45 минута. Избраниците на Недановски имаа контрола на резултатот, ги одржуваат тие 5-7 гола разлика и беа блиску до победата. Со голот на Георгиевски од неговата позиција, црвено-црните имаа водство од 27:21, во 52 минута, по што Јовиќ побара минута одмор. Томовски стигна до десет одбрани, а Талески со нов гол ги враќа највисоките седум гола разлика, 30:23 беше на четири минути пред крајот. На крајот висока победа за Вардар изразена со резултат 31:24.
Манасков и Талески беа најефикасни со по 7 голови, Дутра и Георгиевски по 5, додека Томовски имаше 12 одбрани.