Кадетите на РК Вардар 1961, вчера ја пречека екипата на РК Рисови. Момците на Зоран Петковски-Зенга дојдоа до победа со резултат 31-29.
Првиот дел во салата “Круме Кепески” го започнаа црвено-црните кадети одлично и поведоа со резултат 6-2. Противникот успеаа во продолжение да дојде на гол негатива, 7-6. Со минимална предност заминавме и на пауза, водевме со резултат 15-14.
Вториот дел беше постојано изедначен, двата тима постојано имаа резултататска симетрија се до 26-26. За наша среќа со серија 4-1 во финишот поведовме со 30-27. Успеавме да одолееме и победивме со 31-29, доаѓајќи до важни бодови во групата-А.
Прв стрелец за нас беше Стаменков Томислав со 7 гола, Најдовски Иван даде 6.погодоци, а 5.гола беа дело на Мирчевски Ангел.