Голема победа за екипата на РК Вардар во дербито со екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните славеа на првиот натпревар сезонава против директниот конкурент за освојување на Шампионската титула, високо со резултат 31:24.
После натпреварот своите задоволства од победата ги искажаа тренерот Недановски и еден од подобрите во тимот, Мартин Томовски.
-Среќен сум за победата, како што кажав пред мечот само таа ни беше важна, испадна да е со висока гол-разлика, но пак ќе напоменам, еден може да е многу, десет гола да се малку. Игравме да победиме, го добивме дуелот со седум разлика, во преубав амбиент. Малку дамка остави меѓу „Чкембари“ и „Комити“, но тоа ни е познато, Сакам да им честитам на играчите за борбеноста и нека ни е со среќа триумфот, истакна Недановски.
Томовски беше одличен на голот забележувајќи вкупно 12 одбрани.
Ние бевме тука на терен излезени со една цел. Играме дома, општонародно што се вели, кога имаме гости, мора да си ја одбраниме куќата и тоа го направивме. Еурофарм Пелистер прикажа силна борба, се работи за доста квалитетна екипа. Се виде дека добро не анализираа, ама со нашите индивидуалности, со верба во она кое го правевме и силна одбрана во вториот дел успеавме да создадеме висока разлика и да си ја завршиме работата. Нашата цел беше победа, таа ни е најважна. Гледавме да ја искористиме секоја можност за гол повеќе и сигурно дека тие седум гола разлика ќе ни бидат корисни за реваншот, изјави Томовски.