Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Преглед 20.коло! КК Вардар „по старо“, реди победи
Преглед 20.коло! КК Вардар „по старо“, реди победи

Преглед 20.коло! КК Вардар „по старо“, реди победи

По 20 одиграни коло, само уште две непознати во Втората лига. Кои две екипи ќе ги пополнат последните две места кои водат кон доигрувањето за место во Првата лига.

Лидерот во првенството, екипата на Вардар, го доби локалното дерби против вториот тим на Работнички со резултат (90:84), и остана два чекори пред првиот следбеник на табелата, екипата на Соколи 1933.

Во овој круг од натпреварите, штипјани стигнаа до убедлива победа на гостувањето во Велес, беа подобри од Борец баскет (82:64), го искористија поразот на Работнички, и останаа „сами“ на втората позиција во пресрет на финалните две кола.

Екипата на Ангели е исто така чекор поблиску до позицијата број три, која сега им припаѓа на младите играчи од „Градски парк“. Делуваше убедливо екипата од Драчево на средбата против Шкупи, ја реализираа во своја корист избраниците на тренерот Игор Гацов, со убедливи (91:65), за ефект (13-7).

Извесно е дека овие четири екипи ќе ја имаат предност на играње на домашен терен во четвртфиналето. А против кои четири екипи ќе играат за место во првата „четворка“, одговорот ќе го дадат последните две кола.

МКК Куманово и ГКК Охрид се многу блиску до пласман во осумте најдобри. Имаат скор (11-9), за поделба на петтата  и шестата позиција на табелата.

Или една повеќе во однос на екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и на Водно Санс (10-10).

Шкупи, кој во моментов е на деветтото место, заостанува еден чекор зад нив (9-11), и со најмали шанси ги дочекува наредните натпревари. Првиот е против екипата на ГКК Охрид, следниот и последен, со екипата на Борец баскет во Велес.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО

Црн Дрим – МЗТ Скопје Уни Банка    66:79

Вардар – Работнички 2018       90:84

Борец баскет – Соколи 1933    64:82

Ангели – Шкупи    91:65

ГКК Охрид – МКК Куманово     76:74

Водно Санс – Баскет Кам           95:72

ТАБЕЛА: Вардар 37, Соколи 1933 35, Работнички 34, Ангели 33, МКК Куманово 31, ГКК Охрид 31, МЗТ Скопје Уни банка 30, Водно Санс 30, Шкупи 29, Борец Баскет 27, Баскет Кам 23, Црн Дрим 20;

ИДНО КОЛО (01.04)

Соколи 1933 – Црн Дрим

Шкупи – ГКК Охрид

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2018

Водно Санс – Вардар

Баскет Кам – Ангели

МКК Куманово – Борец баскет