Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Куни Моралес во новата сезона ќе игра за ППД Загреб
Официјално: Куни Моралес во новата сезона ќе игра за ППД Загреб

Официјално: Куни Моралес во новата сезона ќе игра за ППД Загреб

После две сезони поминати во црвено-црниот дрес, интернационалецот од Куба, Куни Моралес во новата сезона ќе биде дел од ППД Загреб.

Денес, шампионот на Хрватска го претстави играчот на Вардар, како ново засилување за следната сезона.

Моралес минатата сезона успеа да ја освои двојната круна со Вардар во Р.Македонија, додека на добар пат е истото да го стори и сезонава. Моралес има 36 години и потпиша договор на две сезони со екипата на Загреб.