Во рамките на 23.коло во ВМФЛ, ФК Вардар гостува кај екипата на Беса.
Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 15:00 часот на стадионот во с.Врапчиште. Судиската тројка доаѓа од Штип, на чело со Димитар Пилешков, додека негови помошници ќе бидат Кристијан Џонов и Александар Гигов.
Вардар е лидер на табелата со 55 бодови, додека Беса се наоѓа на 6.место со 33 бодови.