Вчера, кадетите на РК Вардар 1961 на домашен терен ја пречекаа екипата на РК Алкалоид, момците на Зоран Петковски-Зенга остварија убделива победа со резултат 36-21 (15-09) на оваа средба од групата-А.
На почетокот отворивме подобро од ривалот и поведовме со 3-1, противникот успеа со два врзани гола да изедначи на 3-3. Гостинот парираше се до 8-7, потоа следена наши минути, во финишот на првиот дел бевме далеку подобар тим и на одмор заминавме со шест гола предност, за време на паузата водевме со 15-9.
За разлика од првиот дел во вториот влеговме фуриозно, ние бевме тимот кој диктираше темпо па брзо поведовме со двоцифрена предност, 22-12. По овој момент се до крајот беше формалност, успеавме да дојдеме до победа со 15.гола повеќе, нашиот триумф беше обезбеден со резултат 36-21 на крајот.
Во нашиот состав на оваа средба се истканаа: Никола Нечовски и Петар Илиевски кои имаа по 7.гола за црвено-црните, а Томислав Стаменков стрелаше 6.пати.