За дуелот кој се одигра во Јане Сандански, црвено-црните поради влегување на публика во терен, која беше предизвикана од однесувањето на гостинските навивачи при влегување во салата, следните два домашни меча ќе ги играат пред празни трибини. Тоа значи дека вардарци ќе немаат помош од трибините на средбите против Охрид и Пелистер 2. Исто така двата тима добија високи парични казни и тоа по 150.000 денари.