На македонскиот репрезентативец во редовите на Вардар, Филип Талески, му истекува договорот во јуни оваа година, а како следна негова дестинација се поврзува првенството на Португалија, во екипата на Бенфика.
Според информациите од медиумите во Португалија, екипата на Бенфика е сериозно заинтересирана да го доведе левиот бек на Вардар, од следната натпреварувачка сезона.
Филип Талески е еден од подобрите играчи на Вардар сезонава, а после Куни Моралес кој и официјално потпиша за Загреб, Талески може да биде вториот играч кој ќе ги напушти црвено-црните на крајот од сезоната. Од РК Вардар се уште нема информации каква е иднината на клубот, дали се планираат нови засилувања, со оглед дека заминувања од клубот веќе има.