Вардар за жал остана без бодови од гостувањето кај екипата на Воска, иако до 90.минута беше во предност од еден гол.
Воска го доби дербито во ВМФЛ и силно зачекори кон пласман во ПМФЛ од следната сезона, со оглед дека после денешната победа имаше недостижни шест бода предност пред Вардар кој падна на третото место на табелата, после денешниот триумф на Гостивар.
Во 30.минута, Мишковски доби црвен картон, но тоа не беше пречка за црвено-црните да постигнат гол во 42 минута преку Јорго Папули, кој после центар шут на Глишиќ од слободен удар, најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник за наше водство од 0;1, со овој резултат се замина на пауза.
Со оглед дека имавме играч помалку, екипата на Воска напаѓаше во вториот дел, долго време Вардар одолеваше на нападите, односно Гачевски имаше одбрането неколку удари. Црвено-црните имаа водство се до судиското надополнување кое траше шест минути, во кое домаќинот со два гола, во 91 и 93 минута успеа да направи целосен резултатски пресврт и на крајот да го добие натпреварот.